Од 25.08.2023г. до 03.09.2023 г. во Истанбул Турција ќе се одржи Европско првенство за јуниори и кадети каде нашата млада битолчанка Марија Димовска ќе настапува во дисциплина lowkick во ринг како помлад јуниор во категоријата +60кг, дел од репрезентацијата на Македонија која брои вкупно 6 борци и 2 тренери.

Припремите траат 2 месеци и Марија воглавно се припремаше во својот матичен клуб КБК ЕНЕРЏИ од Битола со својот тренер и татко Александар Димовски-Димса. Припремите поминаа одлично и Марија е во животна форма и искрено и јас и таа имаме големи очекувања, императив е највисокото место на пиедесталот. Репрезентацијата ја водат селекторот и претседател на Федерацијата Дејан Митровски -Урко и главниот тренер Драган Атанасовски со што младите такмичари се во најдобри раце.
Сакам како тренер на КБК ЕНЕРЏИ да се заблагодарам на неколку компании кои редовно не помагаат за сите наши учества на меѓународни турнири и без нив ништо не би било возможно и тоа Болница Плодност ,Рудкоп Битола и Кафе Портал.