Марија Димовска освои сребрен
медал во ринг дисциплина Lowkick
на +60кг во помлади јуниори на 28-то светско првенство кое се одржа во Будимпешта, Унгарија.
Имавме добра и јака борба во
финале но не успеавме да ја
добиеме, противничката ја доби
борбата на поени. После двете злата на двата претходни европски купа сега сребро на светски куп.
Наредно следуваат репрезентативни обврски за
Марија, балканско па потоа и
официјално европско првенство
за јуниори и кадети
КБК Енерџи на светскиот куп
како дел од македонската
кикбокс и МаиТаи федерација
учествуваше само со Марија
Димовска, ни напишаа од КБК Енерџи.