Битолчанката Искра Нечаковска, ученичка во IV година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола, освои бронзен медал на 56. Меѓународна олимпијада по физика (IPhO 2026), која се одржа од 4 до 12 јули во Букараманга, Колумбија.

Во силна конкуренција од 381 натпреварувач од 85 држави, Искра уште еднаш го потврди својот исклучителен талент и ја претстави Македонија на најдобар можен начин.

Покрај бронзениот медал на Искра, македонскиот тим освои и две пофалници, а со својот настап уште еднаш покажа дека младите македонски физичари можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Овој успех доаѓа само кратко по одличните резултати на Европската олимпијада по физика, што претставува уште една потврда за квалитетот, трудот и посветеноста на нашите олимпијци.
Честитки до Искра, нејзините ментори, семејството и целиот македонски тим. Битола е горда на уште еден млад амбасадор на знаењето!
Извор и фотографии Друштво на физичарите на Република Македонија
