Битолчанката Елица од „Фонтана“: Битола имала свој глас во популарната група од 70-тите

од May 14, 2026 0 коментари

Во едно старо интервју и напис од минатото, откриваме интересна врска со Битола. Популарната женска музичка група „Фонтана“, која оставила трага на музичката сцена во 70-тите години, во својот состав ја имала и Елица – битолчанка.

Во написот стои дека по распаѓањето на групата, „Елица во Битола“, додека другите членки продолжиле по различни животни патишта. Групата ја сочинувале Весна, Марија, Елица и Верка, а нивниот најголем хит бил песната „Доме мој“, која и денес кај многумина буди носталгија.

Интересно е што „Фонтана“ често настапувала и на фестивали, а добивале и признанија, меѓу кои и „Златен глас“ на натпреварот за аматери, кој често се одржувал токму во Битола.

Една мала, но убава музичка нишка што покажува дека и Битола имала свое место во тогашната музичка сцена, преку својата Елица која тогаш работела во Јавор увоз извоз, била дел од една популарна женска група од едно друго, романтично време.

Исечок во ВБУ Регистер

Babam Bitola

Comments are closed.