Битолчанката Ангела Илиевска вчеравечер ја претстави својата нова балада, придружена со искрена благодарност упатена кон целиот тим што учествувал во создавањето на проектот, како и до публиката која континуирано ја поддржува. Илиевска истакна дека песната е резултат на долг процес исполнет со внимателна работа, посветеност и љубов кон музиката.
Долго работевме на оваа песна, со внимателност, посветеност и целата љубов што ја носиме во музиката. Секој тон, секој детал е создаден со страст и искреност, и навистина ми значи што конечно можам да го споделам ова со вас.
Уште многу музика доаѓа, нови песни, нови приказни и моменти што едвај чекам да ги доживееме заедно. Ова е само мал дел од сe што го подготвувам, а секој ваш коментар и поддршка го прават патувањето уште посебно – додаде Ангела.
На крајот, уметничката упати посебна благодарност до својата фамилија, особено до својот татко, со кого заедно ја создале песната. Како што истакна, нивната љубов и поддршка се нејзина најголема инспирација.





