Битолчанката Ана Бучуковска најдобра на државниот натпревар „Млади библиотекари“

од May 15, 2026 0 коментари

Голем успех за Битола и за НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола! На Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, кој се одржа во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, првото место го освои Ана Бучуковска, ученичка од ООУ „Коле Канински“ – Битола.

Под менторство на професорката Наташа Лозановска и со поддршка од м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, младата битолчанка покажа исклучително знаење, посветеност и љубов кон книгата и библиотекарството, со што заслужено го освои највисокото признание на државниот натпревар.

Со овој успех, Ана ја донесе победата во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, уште еднаш потврдувајќи дека Битола има млади таленти кои знаат достојно да го претстават својот град.

По повод големиот успех, директорката на библиотеката, Емилија Стефановска Давкова, упати искрени честитки и зборови на гордост.

Таа додаде дека следната година токму Битола ќе биде домаќин на натпреварот, што претставува уште една причина за гордост и дополнителен мотив за библиотекарската заедница во градот.

„Наредната година ние сме домаќини!“, порача директорката со ентузијазам.

Овој успех е уште една потврда дека љубовта кон книгата, знаењето и посветената работа носат резултати, а младите битолчани продолжуваат да блескаат на државно ниво.

Babam Bitola

Comments are closed.