+ 10°C – Скопјани вклучуваат греење
на Широк Сокак уште се ПИЕ ПИВО
- 2°C – Скопјани заради снегот имаат гужва во сообраќајот
на Широк Сокак гужва по кафулиња
0°C – во Скопје се разговара за вонредна состојба
на Широк Сокак се разговара дали да се седне надвор или внатре
-10°C – Скопјани сред елементарна непогода
Битолчани почнуваат да ја вадат зимската облека
-20°C – Скопјани … Скопјани ??
Битолчани ги закопчуваат палтата
-30°C – автомобилите не палат
Битолчани одат пешки
-40°C – во Европа распад на парно инсталациите
во Битола парното…парно ???
-50°C – во Битолската библиотека – размена на искуства со колегите од Сибир!
Забележано било лице кое се шета по хавајки и со наочари за сонце низ снегот. Констатација? Сигурно бил од Битола…