Копале битолчани на Широк сокак нова водоводна линија и работниците откопале стар телефонски кабел. Главниот инженер веднаш извикал:
– Да се запише во историјата, во Битола пред 1000 години имало телефони!
Разбрале за тоа прилепчани и почнале да копаат на Маркови кули. Копале, копале… и ништо не откопале. Главниот инженер извикал на цел глас:
– Да се запише во историјата, во Прилепа града пред 2000 години имало мобилни телефони.