Утре, недела (19 октомври 2025 година), Битола повторно ќе го покаже својот спортски дух преку двајца млади и исклучително талентирани боксери – браќата Адријан и Ален Рустемовски.
Тие ќе се борат за златни медали на Отвореното Балканско првенство, кое се одржува во Пале, Босна и Херцеговина.
Во финалните борби ги очекуваат сериозни противници:
- 🇲🇰 Ален Рустемовски ќе се соочи со 🇷🇸 Стефан Чамовиќ,
- 🇲🇰 Адријан Рустемовски ќе влезе во рингот против 🇷🇺 Артур Нагаптјан.
Со срце, дисциплина и борбен дух, овие момчиња ја претставуваат не само Битола, туку и цела Македонија.
Бог со вас, деца! Битола и Македонија се гордеат со вас!





