Битолчани ни донесоја еден куп медали од државното Стрит лифтинг натпреварување кое се одржа во Ниш, Србија.

од • November 2, 2024 • 0 коментари

На 26.10.2024г. битолчаните Бојан Тошевски, Христијан Штрковски, Иван Каранфилов учевствуваа на државното Стрит лифтинг (Streeet lifting) натпреварување кое се одржа во Ниш, Р. Србија. На натпреварот учевствуваа околу 30 натпреварувачии од Србија, Хрватска, Романија и Македонија, при што беа освоени медали и пехар во категориите ORM (One rep max) и Reps (Повторувања) во дисциплините: Апсолутен Згиб, Згиб, Пропаѓање на разбој и Чучнев.

Бојан Тошевски го освои првото место во тотал -74кг, каде што освои пет златни медалии, два сребрени, еден бронзен и пехар за апсолутен победник

Христијан Штрковски го освои второто место во тотал -83кг, каде што освои еден златен медал, два сребрени медалии.

Иван Каранфилов во категоријата тотал -74кг каде што освои еден сребрен и три бронзени медалии.

Babam Bitola

Comments are closed.