Битолчани на неколку локации во околината на Битола самостојно со нивни средства имаат направено импровизирани фарми каде ги хранат и згрижуваат голем дел од заловените кучиња кои претходно биле на улица. Во многу од нив нивниот број е над 50.

На овај начин со лично нивни средства тие самостојно се грижат како за нив така и за сигурноста и безбедноста на нивните сограѓани. За таа цел нив му е потребна помош во материјали, бетонски столбови и жица за ограда, ламарини, храна за кучиња, за да можат колку толку и тие да помогнат во овај проблем за кој ниту кон нив ниту кон нас граѓаните нема слух актуелната власт од причини познати само за нив лично.

Проблемот со кучињата скитници низ Битола се провлекува долги години наназад, за што најмногу можат да помогнат и самите здруженија. Но како во неколку наврати имаме нагласено за многу љубители на власта ќе нема бизнис и убави проценти, а таа нема да трае вечно нели?

Доколку има некој кој сака да донира за да им помогнеме на нашите сограѓани контактирајте не во порака или на eмаил [email protected]