Во пријатна и спортска атмосфера, Градскиот стрелачки клуб Пелистер од Битола реализираше заедничко дружење и тренинг-натпревар со пријателите од СК „Херој“ од Прилеп.

Настанот помина во одличен дух, каде покрај натпреварувачкиот елемент, акцентот беше ставен на градење на пријателства, размена на искуства и унапредување на стрелачките вештини.

Членовите на двата клуба имаа можност да ги одмерат силите, но и да научат нешто ново едни од други, што претставува важен сегмент во развојот на овој спорт.

Од ГСК Пелистер истакнуваат дека ваквите средби се од особено значење за напредокот на младите стрелци, но и за зацврстување на соработката меѓу клубовите од различни градови.

Битола и Прилеп уште еднаш покажаа дека спортот ги спојува луѓето, а заедничките активности создаваат нови пријателства и позитивна енергија која останува долго по завршувањето на натпреварот.

