ГОСПОДОВО ЛЕТО 1967 година

Дали сликата е НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО ?

1967 година, жежок Јулски ден од + 35 степени.

Група на деца, сите СТАРИ БИТОЛЧАНИ кој биле на капење во ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН, сликани се во ГРАДСКИОТ ПАРК.
Во тој временски период фотографиите се изработуваа само во црно бела техника.
Сликата ја направи легендарниот Битолски сликар ЈОЦЕ. Тоа е оној „ТИП“ кој со баретка на главата и неизбежната ЦИГАРА ставена на ЧИБУК често се среќаваше по Битолските улици. Овој битолчанец, со фото апарат на градите шеташе по битолските улици и ги сликаше БИТОЛЧАНИ.
Сите на фотографијата бевме МААЛСКИ ДРУГАРИ и живеевме во „Гени Маале“ на иста улица – ул. „Цветан Димов“.


Стојат: од лево кон десно: Михајло Христов (МИЧО), Пеце Петров (Пеце на ТРЕНА), Аспарух Иванов (ПРЖО), Вангел Димевски (ВАЛИЧО) и Гоце (ЗАЕБАНИОТ), седат Стефан Чекутков (ЧЕЧИНО) и Јосиф Чекутков (ЈОСКА).

Имавме само 14 – 15 години.
Убаво се сеќавам на зборовите од ФОТОГРАФОТ-МАЈСТОР ЈОЦЕ: „Вие двата помалите ќе стоите од двете страни, тројцата повисоки на средина, а највисоките ќе седните долу“.
Ете, така настана оваа за мене ЛЕГЕНДАРНА и НОСТАЛГИЧНА фотографија од пред близу 60 години.

ЗАКЛУЧОК
На крајот како ЗАКЛУЧОК ќе констатирам дека: Некои предмети имат „мала вредност, но големо значење“.
А СЛИКАТА…, „Сликата е НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО”.!

Автор на текстот: Стефан Чекутков