Тимот StayBe од Битола успеа да се пласира во вториот круг на националниот натпревар за средношколци „Средношколец Милионер“, каде што младите иноватори се натпреваруваат со свои бизнис-идеи.
Тимот е составен од тројца ученици од трите битолски средни училишта:
- Иван Секуловски — тим лидер од СОУ „Јосип Броз Тито“ (Горна гимназија)
- Јован Талевски — СОУ „Ѓорѓи Наумов“ (Техничко училиште)
- Марио Рабаџиевски — СОУ „Таки Даскалот“ (Долна гимназија)


Нивната идеја, насловена „Систем 4“, влезе меѓу најдобрите во земјата и сега се бори за пласман во следната фаза преку онлајн гласање.
Граѓаните можат да го поддржат битолскиот тим со глас на следниот линк:
https://milioner.mk/vote/829bdbda-b632-4aca-9484-f16c56b76c2c
Со ова, Битола повторно покажува дека младите имаат идеи, знаење и ентузијазам кои ја претставуваат иднината на градот и на државата.





