Битолчани блескаа во Велес – Пелистерски јунак со шест злата!

од June 17, 2025 0 коментари

Викендов во Велес се одржа третото коло од Првата и Младинската боксерска лига, како и финалните борби од Државното поединечно првенство. Битолскиот клуб Пелистерски јунак беше најуспешен со дури шест златни медали.

Во младинска конкуренција се истакна Синиша Талевски, кој со доминантна победа од 3-0 над Тарик Весели од Чаир го потврди својот квалитет.

По борбите беа прогласени и најдобрите:

Најдобар техничар: Арабел Рустемовски

Најборбен пар: Никола Кисковски и Алим Насуфи

Најдобар боксер: Михаил Аврамовски

Иако Кисковски (Аперкат) не успеа да слави кај сениорите, доби признание за борбеност.
Пелистерски јунак уште еднаш потврди дека Битола има силна боксерска школа

Babam Bitola

Comments are closed.