За мене 11 Октомври е најважниот празник за Македонија. Зошто?
Тогаш народот се дигнал против далеку помоќниот непријател, се борел, издржал 4 години и на крајот победил. Како награда за тоа што бил на праведната и победничка страна од војната, сам си се изборил за својата независна држава која ја имаме и ден денес.

И не само тоа, нашите македонски единици биле едни од главните југословенски сили кои го пробиле Сремскиот фронт, ги бркале фашистите се до Блајбург, Австрија.
Во чест и сеќавање на моите дедо Бено Русо и баба Роза Камхи Русо, среќен празник Македонијо

Бојан Сапунов

Роза Камхи и Бено Русо од Битола

Бено Русо е првиот генерал во повоена Македонија.