Денес на 10.05.2019 г. Кичево се одржа 7-мата по ред Специјална Олимпијада во организација на Лајонс клуб Кичево и Дистрикт 132 Македонија (здружение на Лајонс клубовите од Македонија).

Учество зеде и екипата од посебните паралелки на ОУ Ѓорѓи Сугарев од Битола,заедно со нивните наставници-дефектолози. Покрај нашата учествуваа и екипи од Скопје, Велес, Кичево, Штип и Делчево.

Учесниците се дружеа и натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, за на крајот настанот да заврши со Караоке шоу, танци и ора.

Голема благодарност на битолските лајонс клубови кои го поддржаа настанот и активно учествуваа во неговата реализација.

Сите екипи добија дипломи за учество, а спонзорите на настанот благодарници.

Текст, инфо и фотографии од Ѓоко Христов

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here