Од Битола кон големата европска музичка сцена – Brass Brothers, бенд составен од битолчани, ја најавува својата амбиција за настап на Евровизија 2027.

Со оригинален звук, моќна брас енергија и динамичен сценски настап, Brass Brothers во изминатиот период го гради својот препознатлив музички идентитет и стекнува искуство на големи сцени.
Од бендот сметаат дека се подготвени за предизвик од европски формат и дека токму нивната комбинација на музика, енергија и сценски перформанс може да понуди нешто поинакво доколку Македонија биде дел од Евровизија 2027.
„Подготвени за предизвикот. Подготвени за големата сцена. Подготвени на сè“, порачуваат битолчаните.
Од Битола до Евровизија – BRASS BROTHERS 2027.
