Битолчаните блеснаа во Куманово: Злато за Арабел и Ален, сребро за Ружди Рустемовски!

од June 14, 2026 0 коментари

Од 12 до 13 јуни во Куманово се одржа 6. Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, на кој учество зедоа боксери од 15 држави, а македонските репрезентативци уште еднаш покажаа дека иднината на нашиот бокс е светла.

Битолчанецот Арабел Рустемовски, во конкуренција на јуниори до 60 килограми, стигна до златниот медал. Во полуфиналето беше подобар од претставникот на Германија, а во финалето славеше и против боксер од Бугарија, освојувајќи го првото место на турнирот.

Уште еден голем успех оствари Ален Рустемовски, кој настапувајќи за македонската репрезентација, во борбата против германскиот боксер Муслим Фејсал победи со класичен нокаут уште во првата рунда и го освои златниот медал.

Со одличен настап се закити и Ружди Рустемовски, кој во сениорска конкуренција до 65 килограми стигна до сребрениот медал. Во полуфиналето ја совлада Германија, а во финалето по голема борба беше поразен на поени со 1:4 од претставник на Романија.

Тројцата настапија во составот на македонската боксерска репрезентација, достојно претставувајќи ги Македонија и Битола на силниот меѓународен турнир.

Честитки за Арабел, Ален и Ружди, кои се членови на Пелистерски Јунак. Браво за нивните тренери и клубот.

Битола повторно има причина да се гордее!

Babam Bitola

Comments are closed.