Разочаран од немилиот настан кој пред неколку дена се случи во нашата Македонија, битолчанецот Ѓорги Милошовски се понуди бесплатно да помогне со неговото теренско возило доколку некој има потреба за помош или достава на нешто во тешко достапните места и предели:
За време на пандемијава помош од моја лична страна со поглед на ситуацијава бесплатна достава, на тешко достапен терен и исто луѓе од било која причина да немаат превоз мозат да ме контактираат на тел. 075 506 155… напиша Ѓорги на неговиот фејсбук профил.
На Битола и битолчани итекако му се потребни вакви луѓе и сограѓани. Секоја чест Ѓорги и со задоволство го пренесуваме твојот апел.