БИТОЛЧАНЕЦ СО ИМПРЕСИВНА КОЛЕКЦИЈА: Адриан Лазаревски чува 50 зелено-бели шалови на Пелистер и Чкембарите

од August 5, 2026 0 коментари

Љубовта кон Пелистер не се покажува само на трибините, туку и низ спомените што се собираат со години.

Битолчанецот Адриан Лазаревски е сопственик на импресивна колекција од 50 зелено-бели шалови, посветени на Пелистер и навивачката група Чкембари. Во неговата колекција се наоѓаат шалови од различни периоди, со препознатливи мотиви, пораки и дизајни што ја раскажуваат историјата на навивањето во Битола.

Секој шал претставува дел од една приказна – од натпревари, гостувања и незаборавни спортски моменти, до безрезервната поддршка што Чкембарите ја даваат на клубовите кои го носат името Пелистер. Чкембарите се основани во 1985 година и се една од најпрепознатливите и најстарите организирани навивачки групи во Македонија.

Колекцијата на Адриан е уште еден доказ дека љубовта кон зелено-белите бои не е минлива, туку се чува и се пренесува како дел од битолската спортска традиција. 💚🤍

Babam Bitola

Comments are closed.