И јас и сите ние битолчани без разлика на вера националност политичка партија, сакаме да оди водата после ваков дожд во канализација, каде што и е местото, во денешно време овој муабет го прајме ееее ко да сме вратени 100 години уназат, па и сме вратени кога до сега вадевме вода и фекалии од подруми од згради. Денес Битола беше преплавена со фекалии по улици, ги гласавме и еве 2 години се на власт и 2 шахти не се чисти згради уште вадат вода и фекалии од подруми, вадев до сега и јас, и затоа сум гневен од неработење на лицата од нискоградба и градоначалник, жално и срамно. Има луѓе кој си го сакаат градот и знаат за ваква состојба и навремено реагираат за после дожд гордо излезат на улица пред битолчани, а не да викаат кризни штабови чуда врагој.

Виктор Давидевски