Стопанственик од Битола, прочуен мајстор на кандиторски производи (бонбони, чоколади, локум, алва и бисквити), Петар Герас, со свои производи, во месец јули 1933 год., учествувал на меѓународна изложба во Лондон, каде бил одликуван со диплома, златен медал и голем крст.
Истиот месец од Лондон во Битола пристигнал и лично секретарот на изложбата, Луис Фонзоли, кој му ги предал одличијата, пренесувајќи му и дека лондонските весници на широко пишувале не само за изложбата, но и за наградениот производител од Битола, за фирмата „Герас“.
Исечок од весник Правда 1933 г.
“Калеидоскоп” на Александар Стерјовски