Михаил Талевски е вчерашниот херој на Вардар во Куп финалето против Струга.
Талевски го отвори резултатот во 26 минута, откако од околу седум метри го совлада Ќосевски.
Талевски биеше неодбранливо за Ќосевски и во 49 минута. Одлично се проби во шеснаесетникот и со одличен удар погоди за 2:0.
Тој е дете на Пелистер, од Битола дојде во Скопје и вчера против Струга блесна СО СИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ.
Извор МакСпорт