Сеќавање на членовите од групата Меморија во клубот “Партизан“ Битола, 1994.
Во овој клуб таа дамнешна 1994 година го отсвиревме последниот концерт со Поце. Бината во киното беше не поширока од 3 метри, така да Поце имаше место да стои на ивицата од бината цел концерт бидејќи бубњевите го заземаа останатиот простор, што беше особено напорно. На пола концерт, бидејки беше преполно, Поце се сврте да му подадам вода за да земе душа. Одеднаш почна да се губи на напред, па јас едвај го додржав. Кога видовме, имавме што да видиме некој му ги врзал врвките од патиките заедно, за да не може да направи ни чекор без да падне. Но за среќа успеав да го додржам, Сега во Битола ќе свириме на голема бина и се надевам дека сите заедно ќе пееме и играме, а на малава „незгода“ со патикиве ќе се сеќаваме како на шала. Се гледаме на 31 август на ракометното игралиште во Битола.
Цената на билетите е симболична од 250 денари, онлајн на www.kupikartizase.com и на продажните места во Битола: Brothers тобако, Бела роза 2 и ЈК Травел.
Се гледаме во Битола ♥️