Христијан Аџиоски од Битола е дипломиран професор по македонски јазик, а на интернет просторот е еден од менаџерите на најпосетената фејсбук група “Патување низ Македонија”
Горан Марковски е лаборант, живее и работи во Америка, воедно е и администратор на популарната фејсбук фан страница посветена на животот и делото на Ѓорѓи Колозов.
Нивната идеја и работа не смее да остане незабележана!
Тие се можеби единствените во државата кои го прават тоа!
Тие не се само обични обожаватели на македонските народни приказни, тие се нешто повеќе од тоа…
Имено, задоени од мали нозе со приказните и водени од љубовта кон истите тие имаат зацртан план да ги соберат, колекционираат и зачуваат одзаборав како највредно национално богатство сите епизоди од стариот серијал македонските приказни што некогаш се снимиле за македонската телевизија од периодот 1984 до 2003 година.
За некој обично ѓубре кое стои запоставено во нечиј подрум и собира прашина, а за нив вистинско бесценето богатство! –
Старите ВХС касети за нив се вистинско богатство…тие единствената шанса за да најдат некоја од изгубените епизоди/приказни кои фалат ја гледаат токму во овие касети!
ВХС касетите некогаш популарни, но кој денес би се расправал и би трошел време на нив?!
Поради тие причини потрагата им оди макотрпно, но кога ќе наидат на таков материјал тие знаат несебично да ја дадат и својата дневница околу доставата и дигитализирањето на приказните кои се наоѓаат на тие касети со цел да ги зачуваат од заборавот!
Благородна е нивната мисија и еднаква на Марко Цепенковата, да се бара игла во сено, но тие и понатаму не се откажуваат од нивната цел!
На овој нивни начин досега имаат најдено десетина такви епизоди и истите ексклузивно ги прикачуваат на овој јутуб канал:
https://youtube.com/user/MrGoran19933
јавно достапни за сите!
Ова го правиме за добробита на сите нас, кои пораснавме со приказните, велат тие!
Апел до сите добронамерници, луѓе кои сакаат да помогнат. Доколку ги имате овие приказни на ВХС кои се изгубени и фалат:
1.Умното рибарче
2. Тројцата мажи
3. Овчарот и трите самовили
4. Итар Пејо и Насрадин Оџа
5. Ферманот на Рамче.
6. Вистината се танчи ама не се кини.
7. Крали Марко и Гино арнаутинот.
8. Сонот на сиромавиот.
9. Царот и советникот.
10. Арнаутинот од Стамбол
11. На нероден Петко капа му кројат.
12. Трампа
13. Скршениот бардак.
14. Ѓаволот што му се сторил маска на владиката.
15. Парите се отепвачка.
16. Чест.
… контактирајте ги во порака ТУКА.