На 13 септември 2025 година во Куманово се одржа street workout натпревар на кој учество зеде и битолчанецот Бојан Тошевски

Со одлични настапи во повеќе дисциплини, тој се закити со медали и го освои пехарот за апсолутен победник на настанот. Во категориите апсолутни згибови, згибови и пропаѓања го освои првото место и златните медали, додека во дисциплините пистол чучневи и склекови се пласира на второто место.

Овој успех претставува уште една значајна потврда за неговата посветеност и мотив за понатамошен напредок во street workout сцената.