Битолчанецот Јовче Даскаловски по 15 години повторно ја извози легендарната тура до Св. Наум и назад

од June 23, 2026 0 коментари

И по 15 години, истата страст, истата енергија!

Битолчанецот Јовче Даскаловски денес повторно ја возеше легендарната велосипедска тура што првпат ја реализирал на 20 јуни 2011 година.

Рутата останува иста: Битола – Буково – Ресен – Охрид – Галичица – Св. Наум и назад кон Битола, предизвик кој бара врвна физичка подготвеност, истрајност и љубов кон велосипедизмот.

„Иста тура, иста пасија, иста страст, иста мотивација за бајкинг“, вели Даскаловски, кој и по една и пол деценија продолжува да ги поместува сопствените граници на две тркала.

Овој подвиг уште еднаш потврдува дека љубовта кон спортот и активниот животен стил не познава години, туку само желба за нови километри и нови предизвици.

Честитки за Јовче и за тимот Extreme Bike Team Bitola!

Babam Bitola

Comments are closed.