Уште еден голем меѓународен успех за битолскиот и македонскиот мотокрос. Христијан Илиоски – Кико продолжува со одличните настапи на европската сцена, освојувајќи го првото место на двете трки во Хајраболу, Турција.

Илиоски со стартниот број #90 беше најбрз во двете трки, запишувајќи P1 + P1 и уште еден голем резултат во својата богата спортска кариера.
Битолчанецот со години е меѓу најуспешните македонски мотокрос возачи. Во својата кариера има освоено 17 шампионски титули, 13 државни и четири БМУ европски титули, во класите MX85, MX2, MX1 и MX.

Зад себе има и импресивна бројка од 102 победи во националното првенство, со што остави длабока трага во македонскиот мотоспорт.
По успехот во Турција, Илиоски упати благодарност до својот клуб Мото клуб Пелистер, спонзорите, навивачите и семејството кои го поддржуваат во неговата спортска кариера.

Уште еден европски трофеј за Христијан Илиоски и уште еден голем успех кој од Битола оди на европската мотокрос сцена!
🇲🇰🏁 БИТОЛА ИМА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН! #90
