Битолчанецот Тони Наумовски освои престижна награда за најдобар актер за улогата во филмот „Лена и Владимир“ на јубилејното 50. издание на актерскиот филмски фестивал „Мојковачка филмска есен“, што се одржа во Мојковац, Црна Гора.

Фестивалот, кој важи за еден од најзначајните настани посветени на актерската уметност во регионот, годинава го одбележа својот голем јубилеј, собирајќи имиња од врвот на поранешната југословенска кинематографија. Да се најде меѓу наградените во таква конкуренција претставува големо признание и чест.

Зад организацијата стојат уметничкиот директор Радослав Т. Станишиќ и директорката на Центарот за култура Мојковац, Зорица Манојловиќ, кои со својата посветеност го издигнуваат фестивалот на високо ниво.
„Љубовта, страста и визијата за филмот нè обединуваат како едно тело и една душа“, порачуваат од тимот на „Лена и Владимир“, изразувајќи искрена благодарност за признанието.

Уште еден успех за битолската културна сцена и доказ дека талентот од Битола силно одекнува и надвор од границите.
