Битолчанецот Тони Наумовски добитник на наградата „Мето Јовановски“ за исклучителни актерски достигнувања

од July 23, 2026 0 коментари

Македонскиот актер Тони Наумовски е добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за исклучителни актерски достигнувања во филмската уметност, која му беше доделена на петтото издание на фестивалот Mediterranean and Balkan Across The Lake Film Festival.

Наумовски ја сподели радосната вест на социјалните мрежи, истакнувајќи дека е „благословен, пресреќен, почестен и длабоко трогнат“ од ова признание. Посебна благодарност упати до уметничкиот директор на фестивалот, проф. д-р Јани Бојаџи, претседателката на фестивалот Мими Ѓорѓоска Илиевска и целиот фестивалски совет за укажаната чест.

„Да се најдам на листата на добитници заедно со легендарни имиња од медитеранската и балканската кинематографија е еден од најблагодарните и највозбудливите моменти во мојот актерски живот“, напиша Наумовски.

Ова признание претставува уште една значајна потврда за неговата долгогодишна и успешна актерска кариера, како и за неговиот придонес во македонската и меѓународната филмска сцена.

📸 Фото: Ренато Димовски

Babam Bitola

Comments are closed.