Битолчанецот Сунај Мифтар на 19 септември 2026 година ќе има нов меѓународен настап, овојпат на боречкиот спектакл „Gladiators Night 14 – Cage Edition“ во Швајцарија.

Мифтар ќе настапи во К-1 борба против Омар Друд, во рамки на програмата која ќе се одржи во Stadthalle Dietikon, во близина на Цирих.
Настапот во Швајцарија е продолжение на меѓународните настапи на битолскиот борец, кој во последниот период сè почесто се појавува на боречки настани надвор од Македонија.
Сунај Мифтар – Омар Друд
📅 19 септември 2026
📍 Dietikon, Цирих, Швајцарија
🥊 K-1
🏆 Gladiators Night 14 – Cage Edition
