Битола повторно има свој претставник на голема европска сцена. Битолчанецот Сунаи Мифтар ќе настапи на престижниот боречки спектакл „Gladiators Night XIII“, каде ќе се соочи со противникот Cipriano во К-1 дисциплина.

Настанот ќе се одржи на 13 јуни 2026 година во Stadthalle Dietikon, Швајцарија, каде се очекува силна конкуренција и врвни борби од интернационални имиња.
За Сунаи, ова претставува уште еден голем чекор во кариерата и можност да ја претстави Битола и Македонија на високо ниво. Со својата борбеност, дисциплина и желба за успех, тој веќе подолго време е дел од сериозната К-1 сцена.
Очекувањата се големи, а поддршката од Битола, уште поголема.
