Битолчанецот Петар Крстевски меѓу најдобрите млади фудбалери во Австрија

од June 19, 2026 0 коментари

Младиот Петар Крстевски од Битола, кој живее и настапува во Виена, зад себе има успешна сезона во австрискиот фудбал. Настапувајќи за У18 тимот на Капфенбергер СВ, Петар сезоната 2025/2026 ја заврши како најдобар стрелец на својата екипа со постигнати 9 голови.

Роден во 2008 година, Крстевски е дел од генерацијата млади македонски фудбалери кои успешно се пробиваат на европската сцена. Покрај клупските настапи, тој има забележано и настапи за младинските селекции на Македонија, што дополнително го потврдува неговиот потенцијал.

Со труд, посветеност и континуиран напредок, Петар е уште еден млад битолчанец кој достојно го претставува својот град и Македонија надвор од границите на државата. Неговите успеси се поттик и инспирација за многу млади спортисти кои сонуваат за професионална кариера во фудбалот.

Babam Bitola

Comments are closed.