Битолчанецот Петар Димитриевски ни донесе сребро од Купот на Македонија во бодибилдинг и фитнес 2026

од April 19, 2026 0 коментари

На 17 април во Скопје, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, се одржа Купот на Македонија 2026 во бодибилдинг и фитнес, настан кој ги собра најдобрите домашни натпреварувачи во повеќе категории.

Меѓу учесниците имаше и претставници од Битола, а особено се истакна битолчанецот Петар Димитриевски, кој на своето прво учество освои сребрен медал и го освои второто место во својата категорија.

Со одлична форма, дисциплина и посветеност, Димитриевски покажа дека уште на самиот старт припаѓа во самиот врв на македонската бодибилдинг сцена, достојно претставувајќи го својот град.

Купот на Македонија претставува еден од најзначајните домашни натпревари во овој спорт и воедно служи како квалификација за настап на меѓународни натпреварувања, каде најдобрите ќе ја претставуваат државата.

Настанот помина во одлична атмосфера, со силна конкуренција и висок квалитет на настапи, а уште еднаш потврди дека бодибилдингот и фитнесот во Македонија се во подем.

Успехот на Петар Димитриевски е уште поголем ако се земе предвид дека станува збор за негово деби на вакво ниво, што е јасен показател за неговиот потенцијал и идни успеси.

Babam Bitola

Comments are closed.