Битолчанецот Николче Мицевски се пласираше во финалето на престижните InterContinental Music Awards со инструменталната композиција „TIME“, која е номинирана во категоријата World Music.

Композицијата е дел од неговиот дебитантски албум „New Era“, а во нејзината изведба учествува и македонскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски. Видеоспотот за „TIME“ е во режија на Даниел Јовески.
Пласманот во финалето претставува значајно меѓународно признание за авторот и уште една потврда за квалитетот на македонската музичка сцена на светско ниво.
Победниците на InterContinental Music Awards ќе бидат објавени на 23 август, а Мицевски ќе се натпреварува со финалисти од повеќе земји во светот.
