Членот на ПСК „Пелистер“ успешно ја продолжува својата алпинистичка мисија во Алпите

Битолчанецот Никола Талевски – Јапанот, член на Планинарско спортскиот клуб „Пелистер“, го освои еден од најпознатите врвови во италијанските Алпи – Гран Парадизо на 4061 метри надморска височина.

Во рамки на неговата аклиматизациска програма, Никола претходно во друштво со битолчаните Димче Ѓорѓиевски и Ратко Мирчевски. успешно се искачи и на врвовите Балменхорн (4167 м) и Винсент Пирамида (4215 м), при што покажа физичка и ментална подготвеност за повисоки планинарски предизвици.

Со ова алпинистичко достигнување, Јапанот уште еднаш докажа дека битолските планинари достојно го претставуваат градот на меѓународната сцена.

ПСК „Пелистер“ упати искрени честитки за успехот, а Никола продолжува со подготовки за нови предизвици во високогорството.