БИТОЛЧАНЕЦОТ НИКОЛА МИТРЕВСКИ ПОКАЖА ГОЛЕМИНА: ФЕР-ПЛЕЈ ПОТЕГ КОЈ ЈА ОСВОИ МАКЕДОНИЈА

од May 18, 2026 0 коментари

Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа над Словачка без поголеми проблеми го завери пласманот на Светското првенство, а меѓу најзаслужните за големиот успех повторно беше и битолчанецот Никола Митревски.

Нашите ракометари, носени од фантастичната атмосфера од трибините, доминираа во текот на целиот натпревар и покажаа квалитет повеќе од противникот во секој сегмент од играта. Но, покрај одличната игра и големата победа, еден момент посебно го привлече вниманието и ја покажа спортската големина на македонскиот чувар на мрежата.

Во момент кога Словачка веќе беше во резултатски нокдаун, при еден нивен напад, судиите проценија дека топката завршила во пределот на главата на Митревски и беа подготвени да го исклучат противничкиот играч. Сепак, искусниот голман веднаш реагираше и им посочи дека топката не го погодила во глава, со што спречи неправедно исклучување.

Со овој потег, битолчанецот Никола Митревски покажа вистински пример за фер-плеј, човечност и спортска култура, вредности кои честопати значат повеќе и од самата победа.

Во време кога спортот знае да биде преполн со тензии, ваквите моменти потсетуваат дека големината на еден спортист не се мери само со одбрани и трофеи, туку и со карактер.

Babam Bitola

Comments are closed.