Битолчанецот Никола Буневски ја претставуваше Македонија на ветеринарен конгрес во Албанија

од March 12, 2026 0 коментари

Никола Буневски, доктор по ветеринарна медицина од ветеринарната клиника „Буневски“, учествуваше како предавач на меѓународен ветеринарен конгрес во соседна Албанија, кој се одржа по повод 98 години од развојот на ветеринарната медицина во оваа земја.

На конгресот присуствуваа бројни експерти и предавачи од повеќе земји, меѓу кои Канада, Италија и други европски држави. Буневски беше поканет да ја претставува Македонија како лектор со предавање на тема „Рендгенска дијагностика кај ортопедски пациенти“.

Во рамките на настанот, тој имаше можност да сподели професионално знаење и искуства со колеги од различни делови на светот, но и да слушне за нивните практични искуства, предизвици и напредокот во ветеринарната медицина.

Како што посочува Буневски, ваквите средби се од особено значење за развојот на струката, бидејќи науката отсекогаш била фактор што ги поврзува луѓето, овозможува размена на знаење и поттикнува соработка меѓу професионалците.

За него, како што вели, особена чест било што имал можност да ја претставува Македонија и ветеринарната медицина пред меѓународната стручна јавност, во областа во која секојдневно работи и се усовршува.

Babam Bitola

Comments are closed.