БИТОЛЧАНЕЦОТ МИХАЈЛО ВАНГЕЛОВ ПО 24-ЧАСОВНО ДЕЖУРСТВО: „ЗАД БЕЛИОТ МАНТИЛ НЕ СТОИ МАШИНА, ТУКУ ЧОВЕК“

од August 13, 2026 0 коментари

Битолчанецот Михајло Вангелов , гинеколог во Клиничка Болница во Битола сподели искрено сведоштво за она што за медицинските работници значи едно 24-часовно дежурство, часови исполнети со огромна одговорност, концентрација и грижа за човечки животи.

Зад уморниот лик по завршеното дежурство стојат една хистеректомија, една инструментална ревизија, три спонтани породувања, четири царски резови и дури 44 прегледи.

„Но зад овој уморен лик не стои само замор. Стојат 24 часа непрекината концентрација, одлуки донесени во секунди, огромна одговорност и грижата за човечки животи.

Ова не го пишувам за да се пофалам. Го пишувам за да покажам што значи еден обичен работен ден за медицинскиот работник.

Зад секој лекар, медицинска сестра, акушерка и секој друг здравствен работник стои човек кој се уморува, кој има свои грижи, семејство и проблеми, но сепак, кога ќе влезе во ординацијата или операционата сала, од него се очекува да биде целосно посветен, смирен и прецизен.

Затоа, имајте почит, трпение и разбирање кон медицинските лица.

Бидејќи зад белиот мантил не стои машина.

Стои човек кој секој ден ја носи тежината на туѓото здравје и живот“, порача битолчанецот Михајло Вангелов.

Babam Bitola

Comments are closed.