Битолчанецот Кристијан Костадиновски, кој настапува далеку од родниот град во дресот на Младост Богданци, одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната. Со вкупно 20 интервенции, тој беше клучната фигура и вистински ѕид на голот, заслужено добивајќи аплаузи од сите присутни.

Костадиновски, син на нашиот херој-бранител Кире, уште еднаш покажа карактер, борбеност и храброст, вредности што ги носи од дома и ги пренесува на теренот.

По натпреварот, Кристијан за Спортска димензија ги сподели своите импресии:

„Воопшто не очекувавме ваква лесна победа, но кога играш ваква одбрана цели 60 минути и со добра транзиција, резултатот сам си доаѓа. Машката игра во одбраната беше пресудна и сè што договоривме го исполнивме. Атмосферата беше фантастична, во ваква атмосфера тешко дека некој ќе освои бодови. Сега ни преостануваат уште три натпревари до полусезоната и ќе влеземе максимално фокусирани за да бидеме перфектни до паузата.“

Со ваква форма и посветеност, Костадиновски се етаблира како еден од најперспективните млади голмани во македонскиот ракомет, а Битола гордо го следи неговиот чекор.

Фото РК Младост