Битолчанецот Никола Попоски кој живее  на Флорида, САД успеа да реставрира легендарен американски авион од Втората светска војна. Тој успеа да го оживее  леталото познато како „скакулец“ од 1943, кое сега повторно лета. Овој авион е раритет во светското воздухопловство и малкумина летаат со него.

Никола, или Ник како што го викаат во Америка, на реставрацијата на „скакулецот“ работел цели осум години. За Никола и за овој негов потфат пишуваа американски весници.  Детално се опишува процесот на реставрацијата на авионот и напорите на Попоски да обезбеди оригинален мотор, елиса, боја еднаква на оригиналот, за проблемите со изработката на крилата.

“Јас овој авион го најдов на Ибеј, расклопен и во многу лоша состојба. Крилата беа неупотребливи и градев нови  според цртежи од оригиналот. Употребливи беа само металните делови. Мотор и елиса немаше, па морав да барам оригинални. Некои метални делови требаше да се прават по нарачка. На тој начин ги обезбедив ребрата за крилата како и самите крила, кои се од специјално дрво“, вели Попоски.

Извор и повеќе на сдк.мк