Веќе 10 месеци е во Мускат-Оман, каде работи како ММА тренер во УФЦ ЏИМ ОМАН а од неодамна почна и да се натпреварува.

 За прв пат се трка на една од најтешките  трки во светот “СПАРТАН РЕЈС” на која учествувал во Супер Трката која била 14 км со 29 различни препреки и била навистина тешка. Таму изваде едно од најдобрите времиња, завршил 4-ти во неговата возраст и 9-ти во севкупен пласман од 384 натпреварувачи од целиот свет, од каде отпатува во Дубаи да учествува на едно од најпрестижното Џиу Џитсу  натпреварување во светот “ДУБАИ ИНТЕРНАТИОНАЛ ЏИУ ЏИTСУ ПРО ЧАМПИОHШИП 2017”. 

Тука во две категории во кимоно и без кимоно освоил две сребра а неговиот ученик една бронза иако тоа ѝ било прво натпреварување во животот. Како што кажува и самиот: “Така да веќе ги правиме големите медали и успеси за државата, веќе не преставија како Република Македонија, ги запознав сите со Битола и Македонија, како во Оман, така и во Дубаи, бевме добро примени и вистински изненадивме големи професионалци. Наредно е Мускат Маратон на кој ке трчам полу маратон заедно со моите ученици, иако не сум маратонец а потоа ме очекуваат уште две натпреварувања во ОАЕ и на крај да завршам на Светското Професионално првенство во Џиу Џитсу во Абу Даби. Горд сум што ја претставувам Македонија и нашиот град Битола!”

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here