Ивановски: Знам колкава тежина носи овој дрес, ќе дадам сè од себе да успеам во Хајдук

Новиот напаѓач на Хајдук, Мирко Ивановски вчера го постигна својот гол-првенец и тоа во првиот настап за тимот од Сплит. Поранешниот македонски репрезентативец одигра одлични втори 45 минути во дуелот против Оркан (9-0), а за клупската интернет страница на Хајдук истакна дека е среќен на овој гол, како и на брзата адаптација во новиот дрес.

„Добро е тоа што не ми требаше многу време на адаптација, бидејќи ја знам филозофијата на тренерот Жељко Копиќ, знам како размислува тој и што точно бара од мене. Соиграчите одлично ме прифатија и тоа ми помогна брзо да се вклопам во овој тим. Моите очекувања се совпаѓаат со клупските, знам дека од овој клуб секогаш се очекува многу, па токму заради тоа се одлучив да го облечам овој дрес. Знам колку тежи овој дрес кој го носам, но ќе дадам сè од себе да ја оправдам пружената доверба и да бидам подобар фудбалер отколку во претходните сезони“, изјави Ивановски.

Македонскиот напаѓач својата кариера ја започна во тимот на битолски Пелистер, а потоа настапуваше и во Македонија ЃП, Славија Прага, Арка во Полска, романските Астра и Клуж, унгарски Видеотон и во Болуспор. За репрезентацијата на Македонија има запишано 27 настапи и постигна еден погодок.

Извор Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here