Битолчанецот Зоран Мишевски, гласот што ќе го следиме на Светското првенство

од June 12, 2026 0 коментари

Уште едно признание за битолскиот спортски новинарски кадар. Искусниот спортски коментатор Зоран Мишевски, битолчанец кој со години е препознатлив по својот професионален пристап и препознатлив глас, ќе биде дел од коментаторскиот тим на Арена Спорт Македонија за претстојното Светско првенство во фудбал 2026.

За љубителите на спортот, ова е повод за гордост. Да се коментира најголемиот фудбалски настан во светот е признание што доаѓа по долгогодишна посветеност, знаење и љубов кон спортот.

Битола отсекогаш знаела да создава врвни професионалци, а Зоран Мишевски е уште еден доказ дека битолчани оставаат силен печат и на националната медиумска сцена.

Честитки, Зоран!

Babam Bitola

Comments are closed.