БИТОЛЧАНЕЦОТ ЕЛВИС ТОДОРОВСКИ СО ПРИЗНАНИЕ ОД ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ

од • October 12, 2026 • 0 коментари

Битолчанецот Елвис Тодоровски, кој живее и работи во Велика Горица, Хрватска, објави дека остварил значаен меѓународен успех со запишување во Гинисовата книга на рекорди.

Тодоровски, кој е амбасадор и инструктор на италијанската школа за пица GPN (Associazione Gruppo La Piccola Napoli) во Хрватска, со години е посветен на усовршувањето и пренесувањето на знаењата за подготовка на традиционална италијанска пица.

Според неговата објава, ова признание претставува остварување на долгогодишен сон, а воедно и историски момент за Велика Горица, градот во кој ја продолжува својата професионална кариера.

По повод успехот, Тодоровски изрази благодарност до раководството и членовите на италијанската школа GPN, истакнувајќи дека посветеноста, трудот и љубовта кон професијата се клучни за постигнување големи резултати.

Неговиот успех претставува уште една инспиративна приказна за битолчанец кој своето професионално знаење и искуство ги гради и афирмира на меѓународната сцена.

Babam Bitola

Comments are closed.