Битолчанец го оствари животниот сон – од преживеан срцев застој до Гинисов рекорд и светски успех во пицата

од July 2, 2026 0 коментари

Битолчанецот Елвис Тодоровски, кој живее и работи во Велика Горица, Хрватска, продолжува да испишува неверојатна животна приказна. По тежок период во кој преживеал срцев застој, денес е светски признат пица мајстор и носител на Гинисов рекорд, докажувајќи дека упорноста и љубовта кон професијата можат да ги надминат и најголемите животни предизвици.

Тодоровски неодамна го освои првото место на престижниот Caputo Pizza Cup во категоријата „Pizza Classica“, со што обезбеди пласман на Светското првенство во Неапол. Неговата креативна пица со необична комбинација на состојки го воодушеви стручното жири и го издвои од силната конкуренција.

Во интервју за локалниот портал VGdanas од Велика Горица, Елвис ја раскажува својата инспиративна животна приказна, од борбата за живот, преку долгото закрепнување, до исполнувањето на детскиот сон и светските успеси.

Уште еден доказ дека Битола има луѓе со светски приказни, кои со својата работа, талент и посветеност оставаат трага далеку надвор од границите на Македонија.

Babam Bitola

Comments are closed.