Битолчанецот Александар Димовски Димсата на 03 јули oваа 2019 година ќе учествува на интернационален меѓународен натпревар World Grand Prix- King od Kings во профи кик-бокс во Hotel Hills, Сараево каде во првата борба ќе си ги одмери силите со хрватскиот “предатор” Сеан Штурбеј.

Димсата е учесник во многу интернационални и домашни кик бокс натпреварувања и ова во Босна и Херцеговина ќе биде уште едно дополнување во неговата професионална кариера за кое му посакуваме добри припреми и освојување на финалето од овај турнир.

Само напред Димса👊