На денешен ден, 10 мај 1989 година, Македонија го испиша едно од најголемите поглавја во својата планинарска историја. Битолчанецот Димитар Илиевски Мурато стана првиот Македонец кој се искачил на највисокиот врв во светот, висок 8.848 метри.

Со огромна храброст, пожртвуваност и љубов кон планината, Мурато успеал да го оствари подвигот кој и денес претставува симбол на човечка издржливост и македонска гордост. Но, овој историски успех добил и трагична димензија, при симнувањето од врвот, истиот ден, Димитар Илиевски трагично го загубил животот на само 35 години.
Неговото име останува врежано во колективната меморија како синоним за храброст, истрајност и љубов кон планината. За многумина, Мурато не е само алпинист, туку легенда која го остави својот последен чекор токму на покривот на светот.
И денес, 37 години подоцна, неговиот подвиг се памети и прераскажува како едно од најголемите достигнувања во македонскиот алпинизам, а неговата жртва останува потсетник дека зад големите соништа често стојат и најголемите жртви.
Слава му.
