БИТОЛЧАНЕЦОТ ДАРКО КОСТАДИНОВ ГО ОСВОИ КАЗБЕК – МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА 5.054 МЕТРИ!

од August 7, 2026 0 коментари

Уште еден голем планинарски успех за Битола! Нашиот сограѓанин Дарко Костадинов успешно се искачи на врвот Казбек (5.054 м) на Кавказ, во Грузија.

Врвот го достигна во 8:45 часот по локално време, а таму, над облаците, гордо го развеа македонското знаме.

За Дарко ова не било само уште едно искачување, туку вистинска лекција за трпение, дисциплина, издржливост и почит кон планината.

„Секој чекор низ снегот и мразот беше чекор поблиску до сонот. На врвот нема многу зборови… само тишина, бескраен хоризонт и гордост што македонското знаме се вее над облаците. Планината не ја победуваме – таа само ни дозволува да застанеме на нејзиниот врв.“

Честитки Дарко! Битола денес има уште една причина за гордост!

Babam Bitola

Comments are closed.